Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи делумно ќе биде отворен утре, неколку дена по штетата која ја предизвика тајфунот „Џеби“.
Аеродромот кој се наоѓа во западниот регион Осака, е еден од најпрометните во Јапонија, опслужувајќи милиони туристи а, воедно преставува и главен центар за карго превозници на компјутерски чипови, електроника и друга стока низ целиот свет.
Кансаи беше затворен претходно оваа недела, кога обилните дождови и силните ветришта предизвикани од тајфунот „Џеби“ поплавија една од пистите како и една терминална зграда. Невремето, исто така, остави околу 3.000 патници заглавени на аеродромот ноќта во вторникот, кога брод танкер, погоден од бурата, удри во мостот кој е единствената врска на аеродромот со копното.
Тајфунот „Џеби“ вчера го погоди островот Шикоку, со ветрови кои достигнале брзина до 160 километри на час и налети до 215 километри на час, што го прави овај тајфун најсилниот што ја погодил Јапонија уште од 1993-та година.
Невремето однесе 11 животи и повеќе од 400 беа повредени.