Во Форд Мотор Компани се прилично горди на нивните камиони Ф-150 .
„Серијата Ф е најпродаваниот камион во САД веќе 47 години, најпродаваното возило од секаков вид во САД веќе 42 години“, вели Џон Емерт, главен менаџер на „Форд тракс“ за Северна Америка.
Значи, што е интересно кај овој камион што ги тера Американците да се враќаат генерација по генерација?
Вокс Адамс штотуку го изнајмил својот втор Ф-150.
„Го задржав камионот затоа што купив куќа и морав да преместам мебел, да работам во дворот. Ми требаше. Навистина ми се допадна внатрешноста, без разлика дали се работи за кожа или платно. Имам еден со голем екран на допир, што е неверојатно“, вели Адамс.
Форд вели дека повратните информации од клиентите помогнале постојано да се подобрува возилото, откако првпат било направено во 1948 година.
„Ние ги познаваме нашите клиенти подобро од кој било друг. Постојано правиме иновации со Ф-150“, објаснува Емерт.
„Се работи за технологија. Внатрешноста е како во луксузно возило. Заборавате дека сте во камион“, вели Кори Вилијамс, менаџер на Форд во Дирборн.
Во фабриката во Дирборн, Мичиген, камиони континуирано се произведуваат од 5.200 вработени кои работат во 10-часовни смени.
Последните фази на процесот вклучуваат проверки на моторот, а потоа следува делот каде што клучните делови од камионот се спојуваат заедно.
Процесот на склопување го проверуваат и компјутерите и работниците. Луѓето и машините работат заедно за да произведат еден нов камион секои 53 секунди.
„Потребни ви се луѓе кои прават возила. Ако ја погледнете вештачката интелигенција и целата технологија што излегува, навистина се работи за заеднички простор. Секоја работна станица има свој компјутер и буквално му помага на операторот во виртуелната станица да се погрижи да обезбедиме квалитет“, објаснува менаџерот Вилијамс.
Во Форд во регионот на Детроит, Ф-150 сочинува околу половина од бизнисот. Генералниот директор Џим Елдер вози еден таков.
„Одговара на животниот стил на моето семејство. Ми помага да товарам велосипеди, да земам нешто за дома, мало или големо. Одговара на моите секојдневни потреби“, вели Елдер.
Кевин Џустема поминал години во автомобилската индустрија. Вели дека Форд бил првиот што изградил камион за просечен човек. Тој вели дека компанијата продолжува да воведува нови работи.
„Форд е на пазарот повеќе од една година со нивното електрично возило. Во текот на повеќе од 75 години, само лидерството во иновациите ги тера луѓето да веруваат дека Форд е лидер. Тие му веруваат на овој бренд“, посочува Џустема.
Џустема и некои рецензенти укажуваат на лошата ефикасност на горивото, како недостаток на овие камиони. Но, се чини дека на многу Американци тоа не им пречи.
Форд вели дека има направено повеќе од 41 милион возила од серијата Ф, откако се појавил камнионот пред 76 години. Вклучувајќи речиси 760 илјади од нив минатата година.