Како ќе гласаат про-палестинските групи во САД?

Your browser doesn’t support HTML5

Националното движење на неопределите, кое е против политиката на претседателот Џо Бајден за војната во Газа, соопшти дека нема да ја поддржи Камала Харис. Друга про-палестинска група „Напуштете ја Харис“ вели дека работи на нејзино поразување. Известува Патси Видакусвара.

Деарборн, Мичиген, е познат како главен град на Арапите во Америка. Во овој град со мнозинско арапско население во држава што е дом на речиси 400 илјади Арапски Американци, многумина се лути заради политиката на САД спрема војната во Газа.

„Не сум среќен со тоа што таму се случува, и немам надеж дека дека нешто ќе се промени таму во блиска иднина. Дури и ако Камала Харис влезе во играта, не мислам дека е способна да донесе промена“, вели Абдала Долех, палестински Американец.

Кампањата на Камала Харис го таргетира Деарборн со спотови што ја прикажуваат сочувствителна за страдањето во Газа.

Но, политичка група поврзана со републиканците исто така ги таргетира овие гласачи со политички реклами што покажуваат поддршка на Харис за Израел и еврејската религија на нејзиниот сопруг, Даг Емхоф.

Се чини дека овие политички реклами целат на 100-те илјади Мичигенци кои гласале како неопределени на демократските прелиминарни избори, како протест спрема поддршката на администрацијата на Бајден за израелската воена кампања.

Кога Харис го посети Мичиген минатата недела Националното движење на неопределените соопшти дека нема да ѝ даде поддршка.

„Јас како Палестинска Американка цел живот сум била демократка. Сакам да бидам дел од овој гласачки блок што ја избира првата црна жена за претседател, но потпретседателката Харис не ми покажа дека ќе ги заштити луѓето кои многу ми значат“, вели Лејла Елабед од Национално движење на неопределените.

Харис вели дека ги поддржува и безбедноста на Израел и правата на Палестинците.

„Претседателот Бајден и јас работиме на завршување на оваа војна за Израел да биде безбеден, заложниците ослободени, да заврши страдањето во Газа и палестинскиот народ да го реализира своето право на дигнитет, безбедност, слобода и самоопределување“, изјави Харис.

Иако не ѝ дава поддршка на Харис, групата на неопределите исто така е против Доналд Трамп, за кого тие се плашат дека е поголем поддржувач на Израел.

„Кога ќе се вратам во Овалната канцеларија, ќе го поддржам правото на Израел да победи во оваа војна против терор. Тие треба да имаат право да ја добијат оваа војна“, вели Трамп.

Друга про-палестинска група, „Напуштете ја Харис“ вели дека тие работат да обезбедат пораз за Харис дури и да победи Трамп.

„Мислам дека нема разлика во политиката меѓу нив во однос на политиката спрема Палестина или надворешната политика. Подеднакво за зли. Навистина ништо не ми значи“, вели Фарах Кан од кампањата „Напуштете ја Харис“.

„Напуштете ја Харис“ ги поттикнува гласачите да поддржат кандидати од трета партија кои се против војна, како што е номинираната од Зелената партија Џил Стајн.

Но изгубените гласови во врска со Газа за Харис не мора да значи губење на Мичиген.
Синдикатот на Обединетите работници во автомобилската индустрија, клучна политичка сила во државата, ја поддржа, и нејзината кампања работи на зголемување на поддршката од црните гласачи.
Друга варијабила би бил напредокот на Трамп кај арапските и муслиманските гласачи. Амер Галиб, Јеменски Американец и градоначалник на Хамтрамк го поддржа Трамп по средбата со него минатата недела.
Поддршката е со симболично значење. Во Хамтрамк живеат 30- илјади луѓе од кои многу се Муслимани. Тоа е единствениот град во САД со целосно муслимански градски совет.