Како е да се биде моден дизајнер во Харлем?

Your browser doesn’t support HTML5

Скапите школи за моден дизајн не се достапни за секого. Но, за младите талентирани модни креатори во Харлем, Њујорк, почна да работи инкубатор кој им излегува во пресрет и им отвора пат алтернативен кон високата мода. Известува Тина Трин. 

За Тре Милан Бјукенан, „уметноста“ е мода. Тој е дизајнерски чирак во СоХарлем, инкубатор за новите модни дизајнери и претприемачи во њујоршката населба Харлем.

„Сакам да создавам облека каква што носите, но таа може да се обликува, па дури да се направи различен модел или различна ткаенина на нешто што може да ја направи уште подобра од тоа што е“, вели Милан.

Но, во градската ултра-конкурентна модна индустрија, Бјукенан нема илузии за предизвиците за пробивањето на теренот.

Извештајот на Советот на модни дизајнери на Америка и компанијата за облека „PVH“ од 2021 година, анкетираше повеќе од 1 000 вработени во 41 модна компанија и откри дека двајца од тројца црни вработени црнци доживеале микроагресија и често биле единственото малцинство во просторијата.

„Тоа е многу затворена група. Понекогаш навистина мораш да влезеш од задната врата. Понекогаш мораш да се пробиеш“, вели Милан.

Затоа просторите како СоХарлем се клучни за создавање патеки за млади таленти како Бјукенан и Ноа Џозеф.

„СоХарлем беше многу клучна сила во мојот живот. Можеби немаше да можам да го правам тоа што го правам ако не беше СоХарлем“, вели Џозеф, кој не можел да си дозволи традиционално училиште за моден дизајн.

„Никогаш не сум допрел машина за шиење пред да дојдам овде. Кога дојдов овде успеав да научам како да шијам. Научив како да сечам и да правам шаблони“, објаснува Џозеф.

Непрофитната организација помогна за лансирање на повеќе од 20 микро-бизниси, вклучувајќи ги соодветните линии на облека на Џозеф и Бјукенан. Попатно, обучи невработени и помогна со вработување.

„Не знаев дека ова е во Харлем... Мислев дека ќе треба да одам во центарот на градот за да имам ваков тип на можности“, додава Џозеф.

За младите дизајнери како Бјукенан, тоа е уверување дека тие се на вистинскиот пат.

„Ми требаа години за навистина да ја добијам таа самодоверба за да бидам нешто, зашто да се биде во оваа индустрија или барем да се обидувате да влезете во оваа индустрија може да биде толку тешко“, вели Милан Бјукенен.

Самонаречениот интроверт најде средство за изразување.

„Бидејќи не зборувам многу, се чувствувам како мојата работа зборува погласно од мене“, објаснува младиот дизајнер.

И во ова студио во Харлем, дизајните зборуваат сами за себе.