Папата Францис навистина не го носеше овој дизајнерски капут, а поранешниот претседател Доналд Трамп не беше фотографиран како бега од полицијата.
Овие лажни слики се создадени со софтвер со помош на генеративна вештачка интелигенција. „Дип фејк“, или лажно претставување со видео или фотографија веќе е дел од претседателската кампања на САД во 2024 година.
Еден пример е ова видео од противниците на Трамп на кое се гледа како тој се прегрнува со поранешниот главен медицински советник во Белата куќа, д-р Ентони Фаучи, со кого честопати беше во жестоко несогласување за време на пандемијата со Ковид-19.
Беше утврдено дека три од фотографиите се лажни, вели Кејси Декер, новинар од VERIFY.
Наместо, Бела куќа, во позадината пишува ‘Мефап’Кејси Декер, новинар од VERIFY
„Ако повнимателно ги погледнете фотографиите, можете да видите повеќе докази дека се генерирани со вештачка интелигенција. Наместо, Бела куќа, во позадината пишува ‘Мефап’“.
Лажните видеа во политичкото рекламирање ја алармираа непрофитната организација за застапување на потрошувачите Public Citizen, каде Лиса Гилберт е потпретседателка.
Видео или аудио што изгледа неверојатно реално, ѝ е невозможно да се препознае.Лиса Гилберт, Public Citizen
„Една од работите што вештачката интелигенција може да ја направи, особено генеративната вештачка интелигенција, е да создава лесно фалсификување. Видео или аудио што изгледа неверојатно реално, ѝ е невозможно да се препознае со голо око“, вели таа.
Public Citizen побара од Сојузната изборна комисија на САД да донесе прописи за реклами за кампањи коишто користат компјутерски генерирани слики, но комисијата рече дека тоа не е во нејзина јурисдикција. Има мала правна инфраструктура за полициско следење на лажни видеа, вели професорот по дигитално и информатичко право при Правниот факултет на Корнел, Џејмс Гримелман.
„Врховниот суд исто така јасно стави до знаење дека им е тешко да регулираат што било освен најеклатантен пример за лажен и штетен говор“, вели Гримелман.
Тој очекува употребата на лажно видео-претставување во политичките кампањи да расте.
Во моментов е усвоена легислатива во Конгресот која бара од политичките реклами да се наведе дали се користело генеративна вештачка интелигенција.
Your browser doesn’t support HTML5