Светот низ фотографии

Сликата е направена од видеото објавено од групата за климатска кампања „Just Stop Oil“ на која се гледаат активисти како прскаат портокалова супстанца врз Стоунхенџ во Вилтшир, Англија.

Демонстранти држат документи испечатени со познатиот цитат на Аунг Сан Су Чи за време на одбележувањето на нејзиниот 79-ти роденден во населбата Лаунглон во регионот Танинтари, Мјанмар.

Палестинците бараат засолниште по израелските бомбардирања во областа во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

Шумски пожар во Кици, во близина на градот Коропи, Грција.

Се дели вода за пиење во Њу Делхи, Индија, среде топлотниот бран.

Луѓето погодени од поплавите привремено се засолнуваат во училиште во Силхет, Бангладеш.

Тибетскиот духовен водач Далај Лама разменува поздрави со поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси за време на нивната средба во Дарамшала, Химачал Прадеш, Индија.

Акробатскиот тим „Patrulla Aguila“ (Патрола на орелот) на шпанските воздухопловни и вселенски сили летаат покрај Кралската палата за време на комеморациите по повод 10-годишнината од прогласувањето на шпанскиот крал Фелипе VI, во Мадрид.

Креации на дизајнерот Валтер Ван Бејрендонк како дел од неговата ревија на колекцијата за машка облека за пролет - лето 2025 година за време на машката модна недела во Париз, Франција.

Германскиот играч Џамал ​​Мусиала шутира за да го постигне првиот гол на својот тим за време на фудбалскиот натпревар од групата А на УЕФА Евро 2024 меѓу Германија и Унгарија во Штутгарт, Германија.

Човек скока од коњ во реката Ибер за да се разлади од топлото време во Митровица, Косово, 18 јуни 2024 година.

20 јуни, 2024 година