Конгресот на Меѓународната федерација на новинари усвои барање за негово итно ослободување.
„Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари го реафирмира ставот дека заштитата на изворите е право загарантирано со европското законодавство и меѓународните стандарди и основен принцип на новинарството. Тоа право јасно е посочено во членот 16 од Уставот на Република Македонија“, се вели во барањето на Меѓународната федерација на новинари од нејзиниот 28. Конгрес.
„Го осудуваме начинот на кој беше уапсен Томислав Кежаровски, како и самото апсење кое е во спротивност со неговото право како новинар, да обезбеди информации од јавен интерес“, изјави претседателот на МФН, Џим Боумела.
„Ова е грубо кршење на правото на новинарот да го заштити својот извор, што е гарантирано и со домашното законодавство (член 16 од Уставот на Република Македонија), како и со европските закони за слобода на изразувањето“, изјави Могенс Ближе Бјергард, претседател на Европската федерација на новинарите.
На конгресот во Даблин, на кој учествуваат повеќе од 300 делегати од 120 земји, беше усвоено барањето на Извршниот комитет на Меѓународната федерација на новинари до македонските власти, итно да го ослободат од притвор Кежаровски. Делегациите на Конгресот побарале, а Извршниот комитет на МФН прифатил да испрати итно барање за ослободување на новинарот до државните институции на Македонија, до Министерството за внатрешни работи, Кривичниот суд и Јавниот обвинител.
“Конгресот верува дека судската одлука за притворот е директен напад не само врз Кежаровски, туку исто така и врз слободата на медиумите и слободата на говорот во Македонија“, тврди Конгресот на МФН.
МФН дава целосна поддршка на новинарот и безусловна поддршка на неговото право да не ги открива изворите на информации и порачува: “Конгресот на МФН го осуди и приведувањето и притворот против Кежаровски за објавување на информација во 2008-ма година. Ургентното барање беше поднесено од претставниците на ССНМ и ЗНМ, кои учествуваа во работата на Конгресот на МФН“.
Според Самостојниот синдикат на новинарите - ССНМ и Здружението на новинарите - ЗНМ, кои се членки на МФН, (а чие барање за ослободување на Кежаросвки беше поднесено заедно со синдикатите на Белгија, Хрватска и на Србија, и на хрватското здружение на новинари) новинарот е уапсен и е задржан во притвор за текст објавен во 2008-ма година, како обвинет затоа што открил идентитет на заштитен сведок, кој подоцна самиот изјави дека лажел под притисок од страна на полицијата.
Извршната власт во Македонија го премолча и спектакуларното апсење на Кежаровски, и сите реакции кои следеа од Босна, Србија, Хрватска, како и од меѓународните организации, a во кои се бара итно ослободување на новинарот.
Единствено по средбата на претседателот на Кривичниот суд - Скопје, Владимир Панчевски со делегацијата на Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски, портпаролот на судот, судијата Владимир Туфегџиќ изјави дека „по однос на мерката притвор што му е изречена (на новинарот – н.з.), таа е определена врз две основи, опасност од бегство и опасност од влијание на сведоците, кои во оваа фаза од истражната постапка не се сослушани. Според него, никој досега не поднеле жалба на решението за укинување на мерката притвор.
„Апелираме до јавноста да го остави Судот да ја спроведе постапката до крај и во законски мерки", изјави Туфегџиќ.