Џон Глен почина на 95-годишна возраст, откако пред една недела беше хоспитализиран во Охајо.
Глен стана првиот американски астронаут којшто на 20-ти февруари, 1962-та година, со вселенското летало „Френдшип 7“ за речиси 5 часа ја обиколил Земјата. Децении подоцна, на 77-годишна возраст, беше најстариот човек кој летал со вселенски шатл.
Тој беше последниот од групата позната како „Меркур седум“, или седумината тест-пилоти коишто во 1959-та станаа првите астронаути на САД.
По службата како воен пилот во Втората светска војна и Корејската војна, Глен беше тест-пилот во американската морнарица и Маринскиот корпус, а во 1958-та година беше меѓу првите астронаути на Американската агенција за вселенски истражувања - НАСА.
Џон Глен воедно и беше познат и на политиката. Во 1964-та се кандидараше за сенатското место од Охајо, кое го доби 10 години подоцна. Својата сојузна држава ја претставуваше четири последователни мандати.