- Македонија влезе во 2019 година. Какви се вашите размислувања за случувањата во земјава минатата година?
Кога размислувам за минатата година, во која се случија многу историски настани, сè се сведува на храбро лидерство. Граѓаните на Македонија јасно сакаат пристапување кон НАТО и ЕУ. Премиерите Заев и Ципрас и
нивните министри за надворешни работи, работеа на исклучително тешки прашањаза да дојдат до Договорот од Преспа, што ќе ги отстрани пречките за пристапување. Тие покажаа голема храброст, трпеливост, решителност и посветеност на решавањето на долгогодишниот спор.
Ние, исто така, видовме храбро лидерство и во Собранието, кога пратениците гласаа за да се започне процесот на уставни измени, тргајќи ги настрана партиските интереси, во потрага по посветла иднина за Македонија и нејзините граѓани. Конечно, до демократски избраните лидери во Македонија е да направат тешки, стратешки одлуки кои Договорот од Преспа ги бара и да го одредат најдобриот курс за земјата. Соединетите Држави ја поддржуваат Македонија и она што граѓаните и лидерите на Македонија ќе решат дека е од најдобар интерес за земјата. Ние знаеме дека компромисите во Договорот од Преспа не се лесни, но ова навистина е историска можност за Македонија и за регионот, можност што ќе доведе до посигурна, побезбедна и попросперитетна иднина.
- Владата на САД, минатата година покажа високо ниво на ангажман во Македонија. Што ја мотивира поддршката на САД за целосна имплементација на Договорот од Преспа и членството на Македонија во НАТО?
Како прво, Соединетите Држави се пријател и партнер на Македонија уште од нејзиното осамостојување пред повеќе од 25 години. За цело тоа време, граѓаните и властите во Македонија силно ја поддржуваа интеграцијата на земјата во евро-атлантските институции. Тоа е суверен избор на Македонија, да стане членка на НАТО. Ние сме горди што го поддржуваме тој избор, и спремни сме да помагаме додека Македонија го менува курсот на својата иднина. Ние силно ја поддржуваме целосната имплементација на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Договорот ќе и овозможи на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ и ќе придонесе за регионалната стабилност, безбедност и просперитет.
Освен тоа, заменикот државен секретар, Џон Саливан, беше овде пред неколку недели и сите нè потсети дека светот драматично се промени во изминатите 20 години. Натпреварот и конфликтот помеѓу големите сили се вратија на главна сцена, со лоши актери кои сакаат да го нарушат и дестабилизираат демократскиот систем. За да ги поразиме, потребни ни се силни држави, со цврсти демократски основи, слободни медиуми и раздвижени и отворени пазари. Искрено веруваме дека Македонија, целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ, ќе биде силен сојузник во нашиот заеднички просперитет и нашата заедничка безбедност.
- Дали сте сигурни дека Македонија ќе го имплементира Договорот од Преспа? Дали има план Б во случај гласањето во Парламент да пропадне, било во Македонија или во Грција?
За време на целиот процес на преговори, а и сега, при имплементација на Договорот од Преспа, лидерите од целиот политички спектар се спремни да ги стават настрана краткорочните партиски интереси за да ја поддржат иднината на Македонија во НАТО и во ЕУ. Лидерите во Грција и во Македонија кажуваат дека овој Договор е од нивен суштински национален интерес, тој ќе доведе до безбедност и просперитет, како во двете земји, така и во регионот. Да се дојде до ова решение беа потребни 25 години и
Да се дојде до ова решение беа потребни 25 години и јас не гледам некоја остварлива алтернатива на повидок.Џес Бејли, Амбасадор на САД во Македонија
јас не гледам некоја остварлива алтернатива на повидок. Сигурен сум дека и понатаму ќе гледаме како храбрите лидери работат за да осигураат дека Македонија и Грција нема да ја изгубат можноста за конечно да се реши ова прашање.
- Многумина ја критикуваат Владата на Заев што прави компромиси во име на помирувањето и во име на иднината на Македонија во НАТО и во ЕУ. Што мислите за амнестијата за многумина кои беа инволвирани во нападот на Собранието на 27 април? Дали тоа ја ослабнува позицијата на Македонија како лидер во регионот по својата заложба за мир, стабилност и соработка, како што заменикот државен секретар Саливан кажа за време на неговата неодамнешна посета?
Мислам дека сите ќе се согласиме дека продолжената политичка криза создаде голем раздор и доведе до ситуација каде политичките поделби ги одредуваа односите помеѓу луѓето, а во некои случаи дури и повеќе од етничките, верските и економските разлики. Лидерите во Македонија треба да можат да работат заедно за да се справуваат со тешките прашања со кои земјата и граѓаните се соочуваат. Одлуката на Собранието да усвои Закон за амнестија е важна политичка одлука, усвоена низ еден транспарентен и демократски процес, што беше поддржан од големо мнозинство пратеници. На крај, мислам дека тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ, процес што ќе го зајакне владеењето на правото во земјата.
Ние сметаме дека е важно, оние кои ги организираа нападите на 27 април, да бидат земени на одговорност за своите постапки. За време на целиот овој процес, судството мора да остане независно од политички влијанија и слободно да решава за овие случаи врз основа на факти и закони. Како што државниот јавен обвинител Јовески неодамна рече, тоа е она што судиите и обвинителите го прават, го имплементираат законот.
- Дали амнестијата и промените во Кривичниот законик се закана за квалификувањето на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ?
Процесот на пристапување во НАТО е веќе во тек. Претставници на НАТО и на Владата на Македонија ги подготвија протоколите за пристапување и штом Договорот од Преспа биде целосно имплементиран, тие ќе бидат финализирани. На 6 декември, Македонија пред Сојузниците ја презентираше својата заложба за владеење на правото преку адендумот за продолжување на реформите, што ќе биде дел од протоколите за пристапување кон НАТО. Тука влегуваат напорите за зајакнување на судската независност, одговорност на функционери за корупција и злоупотреба на овластувања, како и реформа во разузнавачкиот сектор. Штом сите 29 Сојузници го ратификуваат Протоколот за пристапување, Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО.
- Како САД ќе продолжат да ја поддржуваат реформската агенда на Македонија? Кои треба да бидат клучните области на кои Владата на Заев треба да се фокусира во реформските напори?
Од моите многубројни разговори со граѓаните, едно нешто е кристално јасно – луѓето сакаат Македонија да биде успешна и просперитетна земја, земја во која умните и вредни луѓе можат да градат светла иднина, без разлика од каде доаѓаат или кого познаваат. Имплементацијата на Договорот од Преспа и членството на Македонија во НАТО ќе ја зајакнат стабилноста и безбедноста, а тоа води кон економски раст. Бизнисите и инвеститорите, домашни и странски, ќе бидат посигурни да работат во земјата.
Но, Македонија исто така, мора да работи и да гради силни институции што се потребни за остварување на долгорочен просперитет. Граѓаните мора да бараат одговорност и транспарентност од институциите. Ова не е само работа на законите и на прописите, туку бара промена во однесувањето – како да се промени начинот на кој нештата функционираат, така што законите ќе можат правилно да функционираат, така што ќе се наградува по заслуга, а не по лојалност, и така што иновацијата ќе цвета наместо статус кво. Ова не е лесно и ќе бара постојано и храбро лидерство и визија од сите страни. САД се посветени на нашето партнерство со Македонија и ние ќе продолжиме да стоме рамо до рамо со Македонија во поддршка на вашата суверена определба да трагате по безбедна и просперитетна иднина во западното семејство на нации, целосно прифаќајќи ги демократските вредности и заедничките одговорности на нашиот сојуз и на нашите институции.