Томас Џеферсон е една од иконите на американската нација и политика – автор на Декларацијата на независноста и третиот по ред претседател. Но, имал и помалку позната страна – страствен градинар. Неговиот имот Монтичело во сојузната држава Вирџинија и денес е жив хортикултурен музеј.
Посетителите на Монтичело честопати се изненадени од кога ќе чујат за пасијата на Џеферсон по градинарството. Тој ја наследил плантажата од 2000 хектари како младич. На неа создал градина со цвеќиња и расадници за овошје и лозје.
Питер Хатч е директор на Градината Монтичело. Врши дневна инспекција на хортикултурниот простор од 300 метри:
„Ова била лабараторијата на Томас Џеферсон. Има документирано одгледување на 330 видови на зеленчуци и 170 видови на овошје во градината“.
Хатч вели дека неговата мисија е да остане верен на наследството на Џеферсон на Монтичело, односно разните видови на градинарски култури од 19-от век.
Крис Сомерс и Даг Корли се посетители од Колорадо. Велат, фасцинирани се од панорамата, геометриските облици на градината и нејзината историја и додаваат дека Џеферсон како градинар дефинитивно бил пред своето време.
Питер Хатч вели дека советот на Томас Џеферсон до денешните градинари би бил - да експериментираат. За почеток, со семе од жетвата од градината на Џеферсон, што до ден-денес може да се купат во продавницата за сувенири која е дел од музејот.