Во Токио и шест јапонски префектури се воведува вонредна состојба

Уставот на Јапонија, кој става силен акцент на граѓанските слободи, не ја овластува владата да воведе задолжителен карантин

Јапонскиот премиер Шинзо Абе соопшти дека ќе прогласи 30-дневна вонредна состојба во делови од државата како одговор на зголемениот број на потврдени случаи на коронавирус.

Премиерот Абе ги објави мерките во понеделникот за време на телевизиски говор, по состанокот со специјалниот тим за справување со пандемијата. Абе рече дека официјално мерките ќе стапат на сила во вторник за Токио и уште шест префектури, вклучувајќи го и централниот пристанишен град Осака.

Декларацијата ќе им даде на локалните власти законско овластување да ги повикаат своите граѓани да останат дома и да наложат затворање на училиштата и деловните субјекти. Уставот на Јапонија, кој става силен акцент на граѓанските слободи, не ја овластува владата да воведе задолжителен карантин.

На национално ниво, има 3.500 потврдени случаи на коронавирус, вклучително и повеќе од 70 жртви.


Премиерот, исто така, најави стимулативна мерка од 990 милијарди американски долари како одговор на економскиот пад предизвикан од пандемијата, вклучително и 55 милијарди американски долари во директни плаќања на домаќинствата и малите бизниси.

Абе не сакаше да прогласи вонредна состојба, но се чини дека бил поттикнат да се премисли откако во Токио се пријавени 143 нови случаи во неделата, најголем број на потврди во еден ден, со што вкупниот број случаи во главниот град достигна над 1.000.

На национално ниво, има 3.500 потврдени случаи на коронавирус, вклучително и повеќе од 70 жртви.