Втора експлозија во јапонската нуклеарна централа

  • Мартин Вилијамс

Втора експлозија во јапонската нуклеарна централа

Експлозијата се случи утрината во понеделник, додека работниците работеле на снижување на температурите внатре во нуклеарната централа Фукушима Број Еден, на третиот реактор.

Телевизиските снимки покажуваат силна експлозија како ги разнесува горните ѕидови на зградата на реакторот предизвикувајќи огромен облак од бел чад.

Главниот секретар на Кабинетот, Јукио Едано, зборуваше неколку моменти потоа, на прес-конференција. Едано рече дека експлозијата изгледала слично на таа што се случила во саботата, на истата централа, на истиот реактор.

Таа била предизвикана од хидроген, што бил вентилиран за да се намали притисокот, кога се измешал со кислород.

Официјални лица од централата велат дека саботната експлозија го уништила оперативниот кат на зградата на реакторот, но дека не ја оштетила внатрешната заштита на реакторот.

Притисокот и нивоата на температурата во ректорот биле многу високи откако големи цунами во петокот ги онеспособија генераторите што го напојуваат разладниот систем.

Порано во понеделникот, работниците биле евакуирани заради опасно висок притисок.

Компанијата за електрична енергија на Токио, која оперира со централата, кажа дека неколку работници биле повредени во експлозијата.

Владата советуваше секого во дијаметар од 20 километри од централата да остане дома со затворени прозорци. Неколку лица биле изложени на радијација по саботната експлозија.