Светот низ фотографии

„Часовникот на судниот ден“ е поместен на 90 секунди до полноќ во Националниот прес-клуб во Вашингтон. Атомските научници го поставија „Часот на судниот ден“ поблиску до полноќ од кога било досега, велејќи дека заканите од нуклеарна војна, болести и климатска нестабилност се влошени со руската инвазија на Украина, ставајќи го човештвото на поголем ризик од уништување.

Една жена поминува покрај уништен станбен блок во Украина, во источниот регион Луганск.

Полицијата со опрема за немири се судри со антивладините демонстранти за време на протестот против претседателката Дина Болуарте, во Лима, Перу, 23 јануари 2023 година.

Еден човек фотографира дрвја покриени со снег и мраз на 1.142 метри височина на планините Харц во близина на Шиерке, Германија.

Брод плови покрај турбините на ветер во близина на Њу Брајтон, Британија, 23 јануари 2023 година.

Патниците се пробиваат низ силна снежна бура до железничка станица во Гвангжу, Јужна Кореја.

Стадо елени во Рормус-Унтертал во близина на Шладминг, Австрија.

Пироги лежат на брегот на Розовото Езеро, официјално познато како езерото Ретба, откако екстремните поплави ги однесоа наслагите на сол и го загадија езерото и ги претворија неговите познати води од розово во зелено, во Нијага, во близина на Дакар, Сенегал.

Балони на топол воздух учествуваат на 43. Меѓународен фестивал во Шато-д'Оекс, Швајцарија.

25 јануари, 2023 година