Светот низ фотографии

Две возила паднаа во кратер кој се отворил на автопат во Чатсворт, Калифорнија поради обилните врнежи од дожд кој го зафатија регионот.

Полицајци и демонстранти на патот кај селото Луцерат во близина на Еркеленц, Германија. Луцерат е окупиран од климатски активисти кои се борат против уништувањето на селото со проширувањето на рудникот за јаглен.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се ракува со Хана Фишер, сопственичка на продавница од Дортмунд, на годишниот новогодишен дочек во палатата Белви во Берлин.

Судир на полицијата со антивладините демонстранти во Пуно, Перу, 9 јануари 2023 година. Најмалку 12 лица загинаа, соопштија официјални лица.

Демонстранти маршираат држејќи транспарент на кој пишува на португалски „Ние сме демократија“ за време на протестот повикувајќи се на заштита на демократијата во Сао Паоло, Бразил, 9 јануари 2023 година, еден ден откако приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради.

Возачот на Тојота Џиниел Де Вилиер и совозачот Денис Марфи од Јужна Африка се натпреваруваат за време на етапата 9 на релито Дакар 2023 година помеѓу Ријад и Харад во Саудиска Арабија.

Една клиентка држи примерок од новата книга на принцот Хари наречена „Резервен“ во книжарница во Лондон.

Луѓето го гледаат првото лансирање на сателит во Британија на екран, на аеродромот Корнвол Њукеј, во Корнвол, 9 јануари 2023 година.

Сликата прикажува солени формации во јужниот дел на Мртвото Море во близина на израелското одморалиште Неве Зохар.

11 јануари, 2023 година