Израел со нападите во Газа можеби ги има прекршено „законите за војна“, вели Канцеларијата за човекови права на ОН

Палестинци бегаат за време на израелски бомбардирања во областа во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, 19 јуни 2024 година.

Во извештајот е наведено дека израелските сили не успеале „ефикасно да ги разликуваат“ цивилите и милитантите на Хамас во Газа

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека израелските воздушни напади врз Газа „можеби постојано ги прекршувале основните принципи на законите за војна“.

Во денеска објавениот извештај испитани се шест воздушни напади извршени од страна на израелските одбранбени сили меѓу октомври и декември минатата година за време на првите недели од војната во Газа. Повеќе од 200 луѓе беа потврдени од канцеларијата за човекови права дека биле убиени во воздушните напади, чии цели вклучувале станбени згради, училиште, пазар и бегалски кампови.

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк рече дека Израел не се обидел „ефикасно да направи разлика“ меѓу палестинските цивили и борците на Хамас во бомбардирањата на Газа.

Според меѓународното право за човекови права „животите на цивилите и инфраструктурата се заштитени“, наведе Турк. „Овој закон ги поставува многу јасни обврските на страните во вооружените конфликти кои ја прават заштитата на цивилите приоритет“.

Во извештајот се вели дека шесте напади вклучувале сомнителна употреба на тешки бомби од 113 до 907 килограми.

Во извештајот, исто така, се вели дека континуираните ракетни напади врз Израел од страна на палестинските вооружени групи се „неконзистентни со нивните обврски според меѓународното хуманитарно право“.

Здравствените власти во Газа, под контрола на Хамас, соопштија дека повеќе од 37 266 луѓе се убиени, а 85 102 се повредени од почетокот на израелската копнена и воздушна кампања што почна веднаш по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1 200 луѓе и зедоа повеќе од 250 заложници, соопштија израелските власти.

Дел од информациите во овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.