Компанијата „Екстремни симулации“ на Јонти Бахат ги обучува израелските безбедносни сили да одговорат на воени и терористички напади, користејќи кукли и гумени делови од тело.
Но, ниту една симулација не можеше да го подготви Бахат, 48-годишен израелски резервист падобранец, критично ранет во Газа во војната против Хамас. Тој шест месеци бил хоспитализиран, по скрешеници во рамото и потколеницата.
Сега го почнал долгиот процес на физичка и психолошка рехабилитација во Беит Халохем, „Куќа на војникот“.
„Хидротерапијата е многу важен дел од рехабилитацијата. Водата помага за да почнете да правите многу работи или да се подобрите. Добро е и за умот“, вели Јони Бахата, израелски воен ветеран.
Израелската армија соопшти дека повеќе од 10 700 војници се ранети од почетокот на војната со Хамас во Газа пред речиси една година. Една третина од нив страдаат од траума, а повеќе од една третина имаат оштетувања на екстремитетите, вклучително и речиси 70 ампутирани.
Шефот на организацијата на ветераните со ивалидитет Цахал, Идан Клејман, самиот бил парализиран од градите надолу кога бил застрелан борејќи се во Газа во 1992 година. Тој вели дека подобрените медицински услуги на бојното поле, како воените болничари кои вршат итни операции, спасиле многу животи во споредба со претходните војни.
Но, многу војници кои преживеаја претрпеа сериозни повреди.
Клајман вели дека буџетите за да се прошират објектите за рехабилитација се зголемени за 30%.
„Видовме како луѓе губат две раце и една нога, две нозе и една рака, а сè уште дишат и доаѓаат во болница и ги преживуваат ваквите повреди. Луѓето кои беа парализирани, и слепите, и луѓето кои се здобија со повреди на главата, со многу тешки повреди на главата... Предизвиците на лекарите, сите наши капацитети во смисла на персонал, и толку многу повредени – никогаш порано не ги препознававме“, вели Клајман.
Израел е во првите редови на меѓународно ниво во лекувањето на ранетите војници, користејќи висока технологија за изработка на протези за лица со ампутирање и за иновативни техники за рехабилитација користејќи виртуелна реалност.
Интензивната рехабилитациска терапија, и физичка и психолошка, е од суштинско значење за ранетиот борбен инженер Ерез Амсалем, кој за малку ќе ја изгубел својата нога во самоубиствен бомбашки напад во Газа. Тој вели дека тој и илјадници други ќе бидат дел од новата реалност во Израел.
„Да се видат на улица млади луѓе без раце или нозе, млади луѓе со бастун или во инвалидски колички... Жално е што ова изгледа нормално.. Мислам дека ова е една од единствените работи за кои може да се согласи целото израелско општество. Нема несогласувања околу прашањето за ветерани со инвалидитет“, посочува Амсалем.
Последната година војната во Газа доведе до нагло зголемување на повредени млади израелски војници, физички и емоционално. Предизвикот за државата, со население од нешто помалку од 10 милиони, ќе биде како прво да ги рехабилитира, а потоа да ги интегрира во израелското општество.