Израел денес го финализираше договорот вреден 3,5 милијарди долари за продажба на својот најсовремен ракетен одбранбен систем Arrow 3 на Германија.
„Гледаме од секојдневните руски напади врз Украина колку е воопшто важна противвоздушната одбрана“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за новинарите.
„Воздушната одбрана е од суштинско значење, а особено за нас овде во центарот на Европа“.
Тој го поздрави Arrow 3 како „еден од најдобрите системи, ако не и најдобар“.
Берлин планира да ја имплементира антиракетната технологија кон крајот на 2025 година и да ја интегрира во пошироките програми за воздушна одбрана на НАТО.
Минатата година, Берлин, исто така, ја предводеше Европската иницијатива за небесен штит, обемна кампања за воздушна одбрана која сега опфаќа 19 земји.
САД му помогнаа на Израел да го изгради Arrow и во август дадоа зелено светло за германско-израелскиот договор.
Галант, израелскиот колега на Писториус, рече дека „со два едноставни потписи денес, направивме историја“.
Галант му вети на Берлин „навремена и ефективна испорака“.
„Израел и Германија денеска ги здружуваат рацете во градењето побезбедна иднина за двете нации“, рече Галант.
Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес