Со оглед на референдумот во недела, Иванов порача дека, цитираме „гласањето е ваше право, а не обврска“ и од говорницата во Њујорк, го повтори неговиот став дека нема да гласа на 30-ти септември.
Обраќајќи се од говорницата, претседателот на Македонија, ги повика државите-членки на ОН да не ги менуваат одлуките со кои беше признаена државата под уставното име и повтори дека ќе го бојкотира претстојниот референдум. Во 20-минутниот говор, на македонски јазик, жестоко ја нападна Спогодбата од Преспа, која според него, ги крши универзалните права и повелби - а тоа е правото на самопределување. Со оглед на референдумот во недела, Иванов порача дека, цитираме „гласањето е ваше право, а не обврска“ и од говорницата во Њујорк, го повтори неговиот став дека нема да гласа на 30-ти септември.