Четвртата година од пристигнувањето на бродови полни со мигранти кои го минуваат Медитеранот од Либија до Италија, започна со рекордно темпо. Крајбрежната стража вели дека спасила 500, а близу 1300 мигранти стигнале до три различни пристаништа во Сицилија.
Во петокот, италијанската Крајбрежна стража соопшти дека само годинава бројот на спасени мигранти е повеќе од 15.000, а според проценка на Агенцијата за бегалци на ОН во 2017-та животот го загубиле најмалку 440 лица.
Хуманитарните организации велат дека егзодусот е поттикнат од влошување на животните услови за мигрантите во Либија и стравот од можноста за скоро затворање на морската рута за Европа за трговците со луѓе.
Мигрантите кои успеале да поминат, сведочат за зголемено насилство и бруталност во Либија, каде ривалските фракции се борат за превласт.
Околу половина милион мигранти и бегалци пристигнале во Италија од почетокот на 2014-та, а рекордот го држи 2016-та со пристигнати 181 илјада.