Најмалку 73 мртви во земјотрес во Италија

Според Американката геолошка организација, јачината на земјотресот била 6,2 степени

Силен земјотрес ја погоди централна Италија, кој уби најмалку 37 луѓе и предизвика големи штети.

Според американски извори, јачината на земјотресот била 6,2 степени, со епицентар на десетина километри југоисточно од градот Норча. Замјотресот бил почувствуван низ регионот, вклучувајќи го и Рим, на 150 километри оддалеченост.

Италијанската агенција за цивилна заштита вели дека неколку стотици луѓе биле повредени, а многу луѓе имаат потреба од привремено сместување.

Спасувачите продолжуваат со спасување на затрупаните во разуранатите згради.