Истражување: 33% од младите германски мажи сметаат дека насилството врз жените е прифатливо

Третина од младите мажи во Германија сметаат дека насилството врз жените е прифатливо, според новото истражување.

Илјада мажи и 1.000 жени одговараа на прашања за истражувањето нарачано од детската добротворна организација План Интернешнл Германија.

Истражувањето покажа дека 33% од мажите, на возраст од 18 до 35 години, сметаат дека е „прифатливо“ ако „ним се лизна раката“ за време на расправија со нивната партнерка, додека 34% од мажите признале дека биле насилни врз жените во одреден момент во нивниот живот.

Резултатите се „шокантни“, рече Карстен Каснер од Федералната форма мажи, организација која промовира родова еднаквост.

Истражувањето исто така покажа дека 52% од мажите се држат до концептот дека нивната улога во врската е да бидат главен хранител, додека местото на жената останува во домот каде што таа се грижи за децата и за домашните задачи.

Целосните резултати од истражувањето ги објавува весникот „Функе“ во понеделникот.