Историска област во Пакистан стана атракција преку серија на Нетфликс

Your browser doesn’t support HTML5

Новата серија на Нетфликс ја стави во центарот на вниманието историската област во Пакистан. Сместен во источниот град Лахоре, „Хираманди: Дијамантскиот пазар“ е една од најпопуларните неанглиски серии на платформата за стриминг. Известува Сарах Заман.

Шахи Мухала е вгнезден во уличките на стариот Лахоре од времето на Могал, или „кралското соседство“. Во неговото срце лежи Хера Манди, историска област на црвените светла во источната пакистанска метропола.

Деновиве е во центарот на вниманието, благодарение на серијата на Нетфликс „Хираманди: Дијамантскиот пазар“.

Фиктивната драма од осум дела на познатиот индиски режисер Санџај Лиела Бансали се фокусира на улогата на куртизаните во движењето за независност на Индија. Еден месец од објавувањето на 1-ви мај, „ Хираманди“ останува во првите десет најгледани неанглиски серии на платформата за стриминг.

„Камермани доаѓаат секој ден да ги снимаат улиците. Но, овие улици не наликуваат на она што го прикажува серијата“, вели Атиф Тахир, изработувач на музички инструменти.

Улиците каде што зајдисонцето одамна го внесуваше звукот на жените кои пеат и танцуваат за да ги забавуваат мажите, сега одекнуваат со бучава од мотори и рикши.

Балконите, каде изведувачите некогаш чекале клиенти, сега се празни. Едвај и да има занаетчии во неколкуте преостанати музички продавници.

„Бизнисот многу се намали. Има малку пејачи и музичари. Многу новинари доаѓаат деновиве, но ние не разговараме со нив. Тоа е губење време“, додава Мухамад Тахир, музички занаетчија.

Во 1980-тите, за време на владеењето на конзервативниот воен диктатор Зија-ул-Хак, се појави притисок да се растури областа на црвените светла, каде што изведувачките уметности и проституцијата напредуваа во сенка на вековната џамија и тврдина од времето на Могал.

Но, Шагуфта Бегум останала да пее. Имала само 12 години кога почнала да пее.

„Порано вежбавме наутро. Навечер чаршијата се поставуваше и одевме таму да настапиме. Во ерата на Зија, сето тоа се затвори. Тој рече: „Ова не е прифатливо. Затворете го", раскажува Бегум.

Уметноста умре во областа пред неколку децении, а сексуалната работа исто така се намали, но богатата кулинарска култура на стариот Лахоре помогна да се оживее патеката како улица за храна.

Синот на Шагуфта Бегум, Абрар Хусеин, води популарен ресторан на покривот од нивниот дом. Тој работи на видео серија за зачувување на историјата во областа.

„Кога оваа област цветаше, луѓето се двоумеа да дојдат. Тоа би го повредило нивното достоинство. Но, благодарение на Санџа Лила Банзали, луѓето повторно размислуваат за оваа област. Тиктокерите доаѓаат да прават видеа. Никој порано не доаѓаше“, вели Хусеин.

Но, сопругата на Хусаин, Мисбах не е задоволна од вниманието.

„Нашата куќа се прикажува, тиктокерите прават видеа, ТВ каналите поставуваат чудни, љубопитни прашања. Навистина не ми се допаѓа ова”, негодува Абрар Хусаин.

Хера Манди едвај и да била така раскошна како што е прикажана во серијата на Нетфликс, но многу познати пакистански актерки и пејачки некогаш го нарекувале како свој дом. На Шагуфта Бегум ѝ недостасуваат тие времиња.

„Треба да се врати, но нема. Религиозното лоби нема да дозволи“, вели Бегум.

Како што паѓа ноќта, клиентите доаѓаат да уживаат во рестораните. Што се однесува до оние што очекуваат да видат област со црвено светло како што е прикажано во серијата, Хера Манди има само приказни кои може да им ги понуди на посетителите.