Нов тричлен екипаж замина во вселената

Треба да се врати на Земјата во април, следната година

Екипа од три лица се упати кон Меѓународната вселенска станица во леталото Сојуз МС-07.

Скот Тингл од НАСА, Антонио Шкаплеров од Роскосмос и Норишиге Канаи од Јапонската агенција за истражување на воздухопловството, заминаа вчера од космодромот во Казахстан.

Тие ќе бидат пречекани во вселенската станица од страна на Русинот Александар Мисуркин и двајцата Американци, Марк Ванде Хеи и Џо Акаба, кои треба да останат таму до февруари.

Тингл, Шкаплеров и Канаи треба да се вратат на Земјата во април, следната година.

Меѓународната вселенска станица е редок пример за руско-американска соработка.