Израел лансираше беспилотно летало на Месечината

Леталото се очекува да слета на 11-ти април, со што ќе ја направи Израел четврта држава која отишла на Месечината, по САД, Русија и Кина

Израел го ланисраше првото беспилатно летало на Месечината.

Беше лансирано вчера ноќта од „Фалкон 9“ од местото Кејп Канаверал во јужната сојузна држава Флорида.

Леталото се очекува да слета на 11-ти април, со што ќе ја направи Израел четврта држава која отишла на Месечината, по САД, Русија и Кина.

Ако слетувањето биде успешено, леталото ќе треба да го мери магнетното поле на Месечината.

Израелскиот премиер Бенјамин Нртанјаху го гледаше лансирањето преку емитување во живо од израелскиот контролен центар во Тел Авив.

Мисијата чини 100 милиони долари и е финасирана од приватни донации.