Потегот доаѓа неколку часа пред планираниот говор на државниот секретар на САД Џон Кери
Официјален претставник од Ерусалим соопшти дека се одложува планираното гласање за издавање дозволи за изградба на стотици нови домови за доселеници во окупираниот источен дел од градот.
Ханан Рубин, член на Комитетот за домување рече дека гласањето било изземено од агендата на барање на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Потегот доаѓа неколку часа пред планираниот говор на државниот секретар на САД Џон Кери, кој се очекува да зборува за неговата визија за мировен договор меѓу Израел и Палестинците, и за обвинувањата на Израел дека САД стои зад резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, која бара да се стопира изградба на населбата.