Израел избира нов премиер

Израелците гласаат на повторени избори кој ќе биде следен премиер.

Анкетите се премногу тесни да се предвиде победникот меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху, од десничарската партија Ликуд и центристички ориентираниот кандидат од Партијата на Сино и Бела, поранешниот армиски шеф Бени Ганц.

Ниту еден од двајцата не се очекува да освои мнозинство во 120-члениот Кнесет. 10 помали партии се очекува да освојат места во Парламентот.

Нетанјаху, кој е лидер со најмногу години во политиката, е во жестока политичка битка за петти мандат, во време кога се соочува со евентуалните обвиненија за корупција.

Ганц се презентира како чесна алтернатива на Нетанјаху.