Нетанјаху не можеше да формира влада, Парламентот се самораспушти

Новите, вонредни избори во Израел, ќе се одржат на 17 септември

Израелскиот Парламент денеска се самораспушти за да се одржат вонредни избори, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира коалициона влада.

Законодавците во Кнесетот гласаа со 74 наспроти 45.

Новите, вонредни избори во Израел, ќе се одржат на 17 септември.

Нетанјаху имаше рок до полноќ да формира влада откако победи на изборите на 9-ти април, но, не успеа да се договори со другиот конзервативен блок предводен од поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман.