Официјални лица од САД, рекоа дека е убиен лидерот на Исламската Држава Абу Јандал ал Куваити во де-факто главниот град на Сирија, Рака, од страна на коалициските воздушни напади.
Во денешното соопштение од коалицијата предводена од САД, стои дека Абу Јандал ал Куваити е убиен во напад кој се случил во близина на градот Табка Дам во понеделникот.
Понатаму стои во соопштението дека тој бил поранешен член на воениот комитет на ИСИЛ.
„Абу Јандал бил вклучен во користење возила за самоубиствени напади и употреба на импровизирани експлозивни направи, хемиско оружје против Сириските демократски сили. Поради неговото здружување со планерите на терористички напади на ИСИЛ и членовите на Воениот совет, неговата смрт претставува удар врз капацитетот на борците на ИСИЛ да го бранат градот Рака, но и да планираат операции против Западот, стои во соопштението.“
Сиријската обсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, која ја следи состојбата со војната во Сирија, соопшти во вторникот дека ал Куваити бил мета на коалицијата на воздушни напади предводена од САД и поддржувачите на ИСИЛ дека го потврдија убиството на социјалните мрежи.