Иранците ја одбележуваат годишнината од преземањето на амбасадата на САД

Триесет и четири години по земањето 52-ца заложници од американската амбасада, ова е најголем собир од сличните одржани последните години.
Десетици илјади луѓе, од кои многумина извикувале „Смрт на Америка“, се собрале во Техеран да го одбележат заземањето на американската амбасада во 1979 по Исламската револуција.

Набљудувачите велат дека понеделничкиот собир е најголем во споредба со другите вакви годишни собири на местото каде била некогаш американската амбасада. Конзервативците од тврдата линија повикаа на голем одзив во знак на протест на историското подавање рака кон Вашингтон од страна на претседателот Хасан Рухани.

Петнаесетминутниот разговор по телефон по собранието на Генералното заседание на ОН, меѓу американскиот претседател Барак Обама и Рухани во септември беше прв директен контакт меѓу раководството на двете држави за повеќе од три децении.

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи изрази поддршка за постапките на претседателот Рухани спрема Запад, но кажа дека некои од потезите на претседателот „не биле во ред“.

Исламистички студенти упаднале во американската амбасада пред 34 години во Техеран, држејќи 52-ца заложници 444 денови, прекинувајќи ги дипломатските врски и провоцирајќи децениско меѓусебно непријателство.