Иран и ОН согласни за продолжување на нуклеарниот договор

Блинкен изјави дека не е јасно дали Иран ќе го почитува нуклеарниот договор

Иран и нуклеарната надзорна организација на ОН се согласија да го продолжат договорот за следење на иранските нуклеарни активности за еден месец.

„Опремата и верификацијата и активностите за мониторинг, за кои се согласивме, ќе продолжат бидејќи истите истекуваат за еден месец на 24-ти јуни, 2021-ва година“, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси денес за новинарите.

Продолжувањето доаѓа во време на тековните преговори за заживување на меѓународниот договор од 2015-та година со кој се ограничува нуклеарната програма на Иран во замена за олеснување на санкциите.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф рече дека укинувањето на санкциите на САД изречени под администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп е „законска и морална обврска“.

Неговите коментари дојдоа еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека не е јасно дали Иран ќе ги почитува ограничувањата на својата програма за нуклеарно развој, со цел да се отстранат американските економски санкции.

Иранскиот претседател Хасан Рухани минатата недела изјави дека САД се подготвени да ги укинат трговските санкции, иако висок ирански функционер подоцна му противрече. Европските дипломати изјавија дека се уште се отворени тешките прашања во преговорите.

Иран тврди дека за да се врати во договорот, САД прво мора да ги укинат санкциите, додека САД велат дека Иран прво мора да се врати во согласност со условите на договорот.