Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека верува оти Иран игра со оган, откако државата најави дека го надминала дозволениот лимит на збогатен ураниум, што беше дел од меѓунраодниот нуклеарен договор од 2015-та година.
„Тие знаат што прават и со што се играат“, изјави Трамп.
Претходно Белата куќа ја повтори американската позиција дека никогаш не би дозволиле Иран да развие нуклеарно оружје.
Во изјавата се вели дека Иран треба да ги почитува стандардите, кои забрануваат збогатување на ураниум, како и дека администрацијата на Трамп ќе продолжи да врши притисок врз Иран, се` додека иранските лидери не го променат однесувањето.
Министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, вчера за агенцијата ИСНА, изјави дека Иран го надминал лимитот од 300 килограми.
Обединетите нации потврдија дека дека Иран го надминал лимитот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека овој потег е значаен за производство на нуклеарно оружје, и ја повика Европа да воведе санкции кон Иран.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабаков рече дека овој потег предизвикува загриженост, но, оти не треба да се драматизира.