Портпаролот на Иранскиот кабинет рече дека идејата за размена на затвореници секогаш била на агенда, објави Асошиетед прес
ВАШИНГТОН —
Иран бара да се ослободат сите ирански затвореници во САД среде нуклеарните разговори во Виена, чија цел е да го вратат Вашингтон во Нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили, објави Асошиетед прес.
Портпаролот на Иранскиот кабинет, исто така, сигнализираше дека друга размена на затвореници меѓу Иран и Америка била можна, велејќи дека идејата за размена на затвореници секогаш била на агенда.
Тој додаде дека затворениците треба да бидат ослободени од хумани причини, и не кажа детали колку Иранци се наоѓаат во затворите во САД.
Според него, објавувањето на имињата би можело да им наштети.