Мисијата на Обединетите нации за помош за Ирак беше основана во 2003 година, како последица на американската воена инвазија и падот на Садам Хусеин, што доведе до долгогодишна домашна нестабилност, тероризам и политичко насилство.
Но, 20 години подоцна, Ирак им кажа на Обединетите нации дека е време да си заминат со нивната политичка мисија.
Претставникот на Ирак вели дека земјата е стабилна, тероризмот е контролиран, а Багдад и курдските власти се обидуваат да ги решат нивните разлики.
Шефица на мисијата на ОН, која го завршува својот 5-годишен мандат овој месец, се согласува дека сè уште има сериозни предизвици што треба да се надминат, но од Багдад рече дека Ирак е земја „во подем“.
Мандатот на Мисијата за помош на Обединетите нации на Ирак истекува на крајот на мај, а Советот за безбедност во наредните денови ќе одлучи како да одговори на барањето за повлекување на Ирак.