Глас на Америка: Зибери од човек кој претходно имавте сосема друго мислење за идејата на ДУИ, за премиер Албанец, влеговте во трката на интегративците. Што се промени за така краток период и ја прифативте идејата да влезете во игра за можен иден премиер на државата?
Зибери: „Јас сум надпартиски односно непартиски кандидат, а подржан и предложен од страна на ДУИ. Промената на мојот став се однесува на фактот што Ахмети, располага со порелевенатни информации и за состојбата во земјава и за идните можни решенија за побрз излез на земјата од ваквата состојба во која се наоѓа, помеѓу две антагонистички позиции помеѓу ВМРО-ДПМНЕи СДСМ и во пресрет на решавање на едно крупно прашање, како што е прашањето за Косово“.
Глас на Америка: Но што го промени Вашиот став за толку кратко време и решивте да го прифатите предлогот на Ахмети?
Зибери: „Мојот став никогаш не бил негативен кон прашањето. Мојот став бил дека е тешко изводлив, но е сосема легитимно ДУИ да има свој претендент за премиерската функција, од причина што секој што учествува во изборна трка, како своја највисока цел ја има премиерската функција. ДУИ е доминантен дваесет години во албанската политичка сцена во Северна Македонија и клучен фактор, за секоја коалиција која може да се формира било од десна или од лева страна. И оттука амбицијата на ДУИ и Ахмети е уставно заснована и политички легитимна“.
Глас на Америка: Колку е реално сето ова остварливо, бидејки за составување на нова Влада, се потребни 61 пратеник. Ќе може ли ДУИ да обезбеди толку гласови, за да Вие бидете премиер?
Зибери: „За среќа во Северна Македонија, ниту една партија не го има тој комодитет да има 61 пратеник. Што значи ги упатува на соработка и тука е шансата ние да нудиме поквалитетни решенија и да се претвориме во еден мост кој ќе го надмине овој ендек помеѓу двете антагонистички страни. Ние сакаме да бидеме опција која ќе зближува, а не која ќе разделува“.
Глас на Америка: Имаше ставови и од албанската опозиција, но и од македонските партии, дека ова е само политички блеф и игра и дека ДУИ не треба да настапува со ваков национализам. Што мислите Вие?
„Апсолутно не е национализам, да кандидираш, можен премиер на земјата. Тоа е уставно загарантирано право. Секој полнолетен граѓанин има право да бира и да биде биран. Што се однесува до ставовите на албанската опозиција, дозволете ми да кажам дека ДУИ никогаш не била во искушение да обезбеди пратеник, два или три повеќе од останатите. Тоа е докажано 20 години. И овој пат не е намерата да се добие еден или повеќе мандати, туку да се вклучиме рамноправно во трката и да ја водиме Владата на Северна Македонија во идниот период“.
Глас на Америка: Има големи реакции за дел од вашата програма, за промена на химната, за задолжително изучување на албански јазик од петто одделение, а предагате и 20% од министрите во Владата, доколку вие ја предводите, да бидат од дијаспората. Нели сметате дека во овој момент се тие малку пренагласени ставови, пред се во однос на химната и јазикот?
Зибери: „Химната, Албанците во Северна Македонија секогаш ја спорат, бидејки таа исклучува, а не интегрира. Ние сакаме да ги интегрираме граѓаните во земјава, да ја зацврстиме лојалноста кон оваа земја и тоа само треба да ги радува нашите сограѓани Македонци, а не да ги плаши. Се додека политичките наши амбиции се во рамките на Уставот и системот, мислам дека тоа е добра порака и гаранција. Во однос на изучување на албанскиот јазик, јазикот на средината е во интерес пред се на граѓаните Македонци, да се вклучат поуспешно во тековите на животот. Впрочем тој што знае повеќе и вреди повеќе. Апелирам и кај Македонците дека ова не е на нивна штета, ова е во нивни интерес. Во однос на 20% членови на Влада од дијаспората, тоа се однесува на сите коалициони партнери. Ќе барам сите коалициони партнери да ги искористат потенцијалите од дијаспората за да може да ги вклучиме во нашите решенија“.
Глас на Америка: Очекувате ли македонски гласови?
Зибери: „Апсолутно.Човек кој бара простор подобар за сите и рамноправност е само можност секој да биде слободно изразен и да подржува таква идеја“.
Глас на Америка: Посетивте ли чисто македонски средини?
Зибери: „Да имав прилика да посетам, а се надевам и понатаму“.