На неодамнешниот самит во Москва, рускиот претседател Владмир Путин му ја додели највисоката цивилна чест на индискиот премиер Нарендра Моди, истакнувајќи ја посветеноста на двајцата лидери за подобрување на нивните односи.
„Основата што ја постави Путин за стратешко партнерство меѓу двете земји со текот на времето стана посилна и пообемна“, рече премиерот Моди.
Напорот на Индија да ги одржува врските vво добра состојба е делумно поттикнат од децениската зависност од руското оружје, втората по големина војска во светот.
„И покрај обидите за диверзификација, Индија сè уште останува земја која е зависна од руското вооружување. Руската технологија, руските вооружени системи претставуваат наследство што се однесува до одбранбената политика на Индија, и веројатно нема да се промени наскоро“, вели Харш Пант, Фондација за истражување.
Њу Делхи, кој не им се придружи на западните земји во изолацијата на Русија поради нејзината инвазија на Украина, вети дека ќе ја зголеми билатералната трговија на 100 милијарди долари до 2030 година.
Индија се надева дека зајакнувањето на воените и економските врски ќе помогне да се намали зголеменото потпирање на Русија од индискиот ривал, Кина, што претставува геостратешки предизвик за Њу Делхи.
„Русија и Кина, се разбира, ги подигнаа односите на друго ниво и мислам дека има загриженост во Индија дека ако овој однос продолжи, тоа би можело значително да ја промени калкулацијата за националната безбедност на Индија и тоа е нешто што Индија сигурно не сака да се случи“, додава Пант.
Индија не ја осуди руската инвазија на Украина, но во Москва, Моди побара резолуција преку дијалог, нарекувајќи ја смртта на децата срце-парателна.
„Знам дека на бојното поле не е можно да се најдат решенија. Среде бомби, пушки и куршуми, мировните преговори не можат да успеат“, порача Моди.
Тие забелешки се сметаа за обид да се балансира неуспехот на Индија да им се придружи на САД во критикувањето на конфликтот. Партнерството на Вашингтон е критично за Њу Делхи, според политичкиот аналитичар Санкалп Гурјар.
„САД е исто така главен партнер кога станува збор за технологијата, со трговија, одбрана и сè останато. Исто и со Русија. Мислам дека на Индија и требаат и едните и другите“, вели Гурјар.
Откако Моди се сретна со Путин, од Вашингтон велат дека сите земји, вклучително и Индија, мора да ги поддржат напорите за постигнување мир во Украина.
„Ние исто така веруваме дека долготрајните односи на Индија со Русија и даваат можност да го поттикне претседателот Владимир Путин, да стави крај на својата брутална војна, неиспровоцирана војна во Украина“, смета Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа.
Во западните земји расте разбирањето зошто Индија ги негува врските со Русија, вели Пант.
„Критиките од Западот исто така беа поодмерени, разбирајќи го императивот дека Индија, на крајот на денот, исто така гледа на односите со Русија преку објективот на Кина, а не само низ објективот на руско-западниот конфликт“, вели Пант.
Сепак, балансирањето на врските меѓу САД и Русија би можело да стане поkomplicirano ако конфликтот во Украина се одолговлекува.