Во Кашмир се урна индиски воен авион

Властите од областа Кашмир која е контролирана од Индија соопштија дека се урнал индиски авион, при што загинале двајца пилоти и еден цивил.

Засега не се објавени причините за падот и дали настанот е поврзан со зголемените тензии со Пакистан.

Индија вчера соопшти дека извршиле воздушен напад во Пакистан и дека убиле голем број борци во милитантен камп за обука.

Претходно месецов, во самоубиствени бомбашки напади во Кашмир кои беа извршни од страна на милитанти загинаа најмалку 40 индиски паравојници.