Горд Македонец на Инаугуративната парада

Your browser doesn’t support HTML5

Студентот Марио Христовски се надева дека ќе има можност да ги прошири контактите со групата Пријатели на Македонија во Конгресот

Дел од инаугуративната парада беше и Марио Христовски, студент од Охајо. Христовски, кој е роден во САД, вели дека добил покана да присуствува на инаугурацијата, со помош на конгресменот Стив Шабет.

„Македонците се навистина многу голем и интегрален дел во регионот на конгресменот Стив Шабет, и неколку недели по победата на Трамп тој ми понуди билет за да можам да одам на инаугурацијата“, вели Христовски.

Заедно со билетот, ден пред парадата, Христовски добил и пакет со прецизни информации, за тоа како и каде точно ќе треба да се движи во текот на инаугурацијата.

„Пишуваше кога и каде треба да бидам таму. И уште поважно каква улога треба да имам на самите настани, како и дали ќе можам да се сретнам со некои конгресмени и сенатори во текот на овие денови“, објаснува тој.

Христовски имал цел да разговара со членови на Конгресот, пријатели на Македонија, за да се зацврстат идните односи на Македонија и на САД, а се надева дека во иднина ќе се сретне и со новиот претседател Доналд Трамп.

За парадата имал специјален костум и црвена капа, за како што рече, да наликува на Трамп.