Спикерката Ненси Пелоси најави дека утре Претставничкиот дом ќе гласа за официјално да се испратат во Сенатот обвиненијата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Пелоси ова го соопшти кусо откако на приватен состанок разговараше со демократите за процедурата за импичмент, речиси еден месец откако Претставничкиот дом изгласа Трамп да биде отстранет од функцијата по две основи - злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот.
„Американскиот народ целосно ќе го разбере потегот на Сенатот да почне сослушување без сведоци и документи како чисто политичко прикривање“, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, како и претседателот се плашат од излегување на фактите на виделина.
„Американските граѓани ја заслужуваат вистината, и Уставот бара сослушување“, соопшти Пелоси.
Таа нагласи дека Претставничкиот дом утре би гласал и за избор на директорите за водење на постапката за импичмент.
Утрешното гласање ќе отвори пат Сенатот да го почне сослушувањето најрано оваа недела, икако првите сослушувања најверојатно ќе почнат на почеток на следната недела, додека Сенатот да ги заврши формалните процедури.