Новиот имиграционен план на Трамп не предвидува „Лотарија за зелена карта“

Претседателот денес се очекува да објави план за имиграциони реформи

Претседателот на САД Доналд Трамп денес треба да го објави предлогот за имиграциони реформи, што треба да исклучи семејна и хуманитарна имиграција.

Според висок официјален претставник на Белата куќа, претседателот ќе објави план што ќе биде фокусиран на гранична безбедност, како и на создавање систем кој ќе прифаќа мигранти врз основа на нивните способности.

Предлогот на Трамп ќе опфаќа издавање на околу 1.1 милион зелени карти за постојан престој годишно, но, ќе биде променет фокусот на нивно издавање, односно ќе им се дава приоритет на образовани поединци и оние што поседуваат вештини за вработување или инвестициски планови, отколку на оние што имаат семејни врски со американски државјани или поради хуманитарни причини.

Моментално, на 12 проценти од имигрантите им било дадено дозвола да дојдат во САД врз основа на нивните вештини, додека 60 отсто од нив дошле во САД врз основа на семејни врски.

Согласно новиот план, 57 отсто од имиграционите визи ќе им бидат дадени на лица со вештини или понуди за работа, додека 33 отсто од нив ќе се издаваат поради семејни врски.

Бројот на визи кои се издаваат од хуманитарни причини ќе биде намален од 22 на 10 отсто.

Планот предвидува комплетно укинување на програмата, позната како „Лотарија за зелена карта“, според која, годишно доаѓаат во САД 50.000 лица од држави со ниска стапка на имиграција.

Аналитичарите ја доведуваат во прашање економската оправданост на намалување на семејната имиграција.

Според нив, давање на предност на поедици со вештини ќе биде од корист на САД, но, оти тоа не треба да биде по цена да се скрати семејната имиграција.