Типичниот имигрант во Соединетите Американски Држави сега е факултетски образован Азиец. Според владините статистики, ова е разликата во однос на последните децении кога повеќето имигранти доаѓаа од Јужна Америка.
Додека Европејците доминираа во областа на имиграцијата во 1910-тите години, а Латиноамериканците доминираа по 1970 година, Азијците сега го сочинуваат најновиот и најголем бран новодојденци во САД, соопшти Институтот Брукингс.
Трите земји од каде што најмногу доаѓаат имигрантите од 2000-та година наваму се Кина, Индија и Филипините.
Во јули 2016 година, Американците ја рангираа имиграцијата на шесто место помеѓу важните прашања, по економијата, тероризмот, надворешната политика, здравствената заштита и политиката на контрола на оружјето. Овој јули, 38 проценти се изјаснија дека законската имиграција во САД треба да се одржува на сегашното ниво. 32 отсто од испитаниците сметаат дека треба да се зголеми, додека 24 отсто отсто рекле дека треба да се намали.
Воедно, новодојдените се и добро школувани. Според Институтот за миграциска политика од сите Азијци кои пристигнуваат од 2010 година, 62 проценти доаѓаат со диплома. „Ова зголемување на дипломираните студенти, придружено со поголемо ниво на познавање на англискиот јазик, делумно е поврзано со промените во Азија“, сметаат од Институтот за миграциска политика. Исто така, ова се должи на зголемувањето на степенот на образование во целиот свет како и вклучувањето на изучување на англискиот јазик во бизнисот, меѓународната трговија, науката, образованието и забавата“.
Додека 45 проценти од имигрантите во САД кои дошле помеѓу 2010 и 2017 година имаат диплома од колеџ, само 32 проценти од домодорните Американци се стекнале со диплома во истиот период.