Идната влада на Христијан Мицкоски ќе има 24 члена

Your browser doesn’t support HTML5

„Очекувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата од секаков вид, не само политички, за политичкиот нејќам ни да зборувам. Нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа“, рече Мицкоски. Автор: Владимир Мирчески

Идната влада на Христијан Мицкоски ќе има 24 члена. Премиер, плус 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Оваа влада ќе има дури пет вицепремиери. Мандатарот денеска во Собранието го достави предлог-составот на владата и програмата за нејзина работа.

„Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се да испорачува она кое што го ветуваше. Не ветувавме многу за време на кампањата, ветувавме дека Македонија ќе биде повторно на граѓаните односно државата која што изминативе седум години беше заробена од страна на една мала група властодршци кои што доаѓаа од досега владејачките партии конечно е слободна и ќе биде вратена назад на граѓаните. Очекувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата од секаков вид, не само политички, за политичкиот нејќам ни да зборувам. Нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа било каква злоупотреба и овластување на било кое именувано лице, доколку истото биде дел од било какви криминални или коруптивни скандали за кој што постојат докази, се разбира“, вели мандатарот Христијан Мицкоски.