Досега починаа 11 лица, а без струја останаа стотици илјади граѓани
ВАШИНГТОН —
Националниот центар за урагани на САД очекува бурата Лора да прерасне во ураган од трета категорија, како што се доближува до Мексиканскиот залив, и пред да ги погоди крајбрежјата на Тексас и Луизијана доцна вечерва или утре наутро.
Бурата би можела да донесе 30 сантиметри дожд во некои делови на овие сојзузни држави, чии гувернери веќе прогласија вонредна состојба.
Освен задолжителни наредби за евакуација во некои делови на Тексас и Луизијана, има и волонтерска евакуација во храдот Хјустон, кој беше уништен од ураганот Харви точно пред три години.
Како последица на бурата, досега починаа 11 лица во Хаити и Доминиканската Република, а без струја останаа стотици илјади граѓани во Порторико.