Оперската легенда Пласидо Доминго срдечно беше пречекан на концертот во јужна Унгарија, две недели откако се соочи со обвиненија за сексуално вознемирување на девет жени.
Настапот на Доминго по повод свеченото отворање на спортски и младински комплекс во локална католичка епархија беше втор настап во рамките на неговата европска турнеја.
Тој со овации беше поздравен на настапот на Фестивалот во Салцбург во Австрија во неделата - неговиот прв настап по објавувањето на обвиненијата против него.