Автомобили на хидроген

Your browser doesn’t support HTML5

Корејскиот автогигант Хјундај го претставни најновиот модел на иднината

Повеќе електрични автомобили треба да бидат напоени со електрична енергија по само 300-400 изминати километри. Но, не и новите возила со горивни клетки како Хјундаи Ај-екс35, чија моќ доаѓа од електичниот мотор на хидроген. Хјундаи го презентираше својот нов модел, речиси на секоја улица во Лондон.

„Возевме, фотографиравме и снимавме на секоја улица во централен Лондон, определено според познатата такси компанија „Нолиџ“ и тоа е околу 3200 километри“, вели Лора Кинг, генерална менаџерка за односи со јавност во Хјундаи.

Ај-екс35 може да достигне максимална брзина од 160 километри на час.

„Единствената разлика помеѓу овој модел и електричниот автомобил е дека овој автомобил произведува сопствена електрична енергија за време на возењето, така да не треба да биде напоен со струја“, оценува Робин Хајлес, специјален менаџер за возилата на Хјундаи.

Горивните клетки на Хјундаи Ај-екс35 го држат рекордот за најдолго возење со еден резервоар со хидроген. Зашто, ваквите станици за хидроген се распоредени на поголема оддалеченост и ги нема многу на број. Речиси сите се наоѓаат во сојузната држава Калифорнија.