Хојт Ји: Решавањето на спорот со името на највисоко ниво од кога било досега

Your browser doesn’t support HTML5

„Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега“, истакна претставникот на Стејт департментот

Иако Македонија навидум има најмалку проблему околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи со решавањето на спорот со името и влезот на земјата во НАТО. Ова беше истакнато во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон. Се` уште Босна и Херцеговина е дното на балканските земји во кој било поглед, како и Косово, додека нејзиниот сосед Србија е растргната помеѓу две спротиставени страни, ЕУ и Русија. Високиот претставник на Стејт департментот Хојт Ји, рече дека решавањето на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение.

„Има уште многу работа да се заврши, и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение, затоа што расположението и во Грција и во Македонија, е на највисоко ниво од кога било досега“, рече заменик-помошникот американски државен секретар, Хојт Брајан Ји.

Според Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс, генералниот проблем на Балконот се должи поради рецесијата којашто ја зафати претходно ЕУ и отсуството на лидерство на САД за овој регион.

„Проблемот е што нема никаков напредок на Балканот од почетокот на рецесијата која ја зафати Европа. Грчката финансиска криза, бегалската криза и Брегзит беа дополнителна причина за тоа, додавајќи згора на сето тоа и скептицизмот на Европа“, рече тој.

Запрашан за неодамнешните шпекулации дека токму Хојт Ји ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија, Ји ниту потврди, ниту демантираше, само кусо подоцна зад камерите рече дека се` уште нема информации за негово можно назначување.