Демонстранти во Хонг Конг ги блокирале патиштата и се оглушиле на наредбите од полицијата да се растурат рано во понеделникот откако бил употребен солзавец и заплашувачка мунииција врз толпите.
Има извештаи за десетици повредени во неколку дистрикти кои станале зачадени бојни полиња, и каде преку ноќта ечеле експлозии и се слушале врисоци.
Владата вели дека има 54 повредени, вклучувјќи двајца посериозно, кои биле хоспитализирани во понеделникот и 28 кои биле забележани како стабилни во болничките списоци.
Понеделничките летови на меѓународниот аеродром во Хонг Конг се откажани, откако демонстрантите ја запоседнале локацијата за протести.
Секретарот за безбедност на Хонг Конг, Џон Ли, кажа дека властите постапувале согласно на законот и дека пред акцијата биле изречени предупредувања и дадена шанса луѓето да се растурат.
Полицијата изнела пред демонстрантите водени топови во понеделникот како предупредување дека ќе зајакне приодот на властите спрема протестите и насилството кои го тресат финансискиот центар на Азија последниве два месеци.
Властите во Пекинг протестите ги нарекоа „тероризам“.