СКОПЈЕ – Непријатната миризба и понатаму ќе се чувствува во Клиничкиот центар а хируршките сали ќе останат под клуч за пациентите, освен за итните случаи. Решението за проблемот поради која крахираше Клиничкиот центар министерот за здравство Илир демири го гледа во поставување надворешни компресори додека не стигнат испитувањата од лабораторија во Германија кои треба да покажат од каде и зошто доаѓа миризбата. Кога би стигнале Демири не знае а причината ја лоцира во дотраеноста на системот.
Првиот дефект во системот за довод на кислород бил пред еден месец.
Повторно оваа недела без да има некаква хаварија се појавува некаква лоша миризба, поради што веднаш реагиравме и викнавме две независни фирми. Во Македонија нема лиценцирана лабораторија со дозвола да го оцени квалитетот на воздухот и денеска се испратени мостри во Германија. Од двете компании не е виден недостиг во квалитетот, освен што има влага и е препорачано да се менуваат филтрите. Има некаква одбојност, не знам како да речам. Ако немаме валиден документ да ги користиме салите, се одлучивме да се оперираат само итни случаи, а другите од неврохируршки да одат во Општа болница. Останатите кои се за интервенција во болницата „8 Септември“, изјави Демири.
Додека пациентите за операции се праќаат во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. Кој е виновен за здравствениот крах ќе утврди истрагата на Обвинителството вели Демири.
Во моментов на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ функционираат само три сали за итна патологија.
Министерството за здравство за проблемите со функционирањето на вентилацискиот систем ги информирало Јавното обвинителство ,а предметот е распореден кај обвинител кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело.
Нерегистрирани пациенти во системот „Мој термин“ и нарушени меѓучовечки односи се причината поради која министерот Демири, о разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, доктор Марјан Шокаровски. Демири ги демантираше наводите за зголемена смртност на Кардиохирургија бидејќи испратил комисија која утврдила дека има само незначителен пораст.
„Има 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или посмртница и таквата бројка може да ја изменивредноста на исходот. Затоа денес одлучив да го разрешам директорот на Клиниката за кардиохирургија др Шокаровски а втората причина се крајно нарушените меѓучовечки а тоа е недозволиво во таква врвна институција“, рече Демири.
Кога станува за неевидентираните случаи, министерот немаше одговор дали станува збор за итни и неодложни случаи донесени во Клиниката. Тој порача дека новиот директор на државната кардиохирургија треба да биде доктор кој не е од Клиниката.
Шокаровски не ги коментира причините за неговото разрешување, но смета дека е незаконско бидејќи изборниот процес се уште трае.
„Изборниот законик е дециден дека до формирање на новата Влада техничкиот министер нема ниту овластувања ниту можност да ме разреши и тоа е кршење на закон. Се надевам дека институциите ќе се држат до почитување на законите“, изјави доктор Шокаровски.
Околу наводите за зголемена смртност на Клиниката за кардиохирургија, министерот Демири кажа дека испратил комисија која ги проверил податоците и дека тоа е шпекулација бидејќи има незначително зголемување на смртност. но вели дека пациентите кои не се регистрирани во системот може да го сменат крајниот исход.
Директорот на Клиниката информациите за зголемена смртност ги нарече лаги и најави прес конференција на која ќе бидат презентирани точните податоци.