Нова студија покажа дека децата на постари татковци имаат повисок ризик за биполарно пореметување, аутизам и недостиг на внимание.
Нова студија ги поврзува постарите татковци со повисок ризик нивните деца да имаат психијатриски проблеми, вклучувајќи биполарно пореметување, аутизам и недостиг на внимание.
Журналот за психијатрија на Американската медицинска асоцијација JAMA, ги објави неделава наоѓањата од американски и шведски истражувачи кои испитувале податоци за над два милиони Швеѓани родени меѓу 1973 и 2001.
Децата чии татковци биле на 45-годишна возраст и постари кога тие се родиле биле соочени со ризик за биполарно пореметување 25 пати повисок отколку децата чии татковци биле на возраст меѓу 20 и 24 години во време на нивното раѓање. Ризикот бил 13 пати повисок за АДХД – пореметување на недостиг на внимание и хиперактивност, и повеќе од три пати поголем ризик за аутизам.