Протеин од банана во борба против вируси

Бананата има протеин кој се врзува со молекулите на шеќерот и ги држи вирусите надвор од клетките

Бананата е добар извор на витамини и минерали, помага против депресија, ги намалува болките во мускулите, го намалува крвниот притисок и заштитува од срцев удар. Најново е откритието дека бананата може да помогне во борбата против вирусите.

Бананата има лектин или БанЛек, протеин, кој се соединува со молекулите на шеќерот, ги држи вирусите надвор од клетките и заштитува од инфенкции.

Кога научниците го изолирале протеинот за терапевтски тестови, БанЛек исто така предизвикал иритација и воспаление.

Меѓународен тим, кој го испитувал протеинот, го идентификувал делот што ги предизвикувал несаканите спорадични ефекти.

Со некои генетички варијации тие создале верзија на БанЛек која нема реакција врз имунитетот.

Во списанието „Клетка“ тимот пишува дека овој протеин може да биде еден од првите антивирални агенси со широк спектрум за третирање на голем број вируси, вклучувајќи ХИВ, хепатитис, па дури и вирус на грип.

Еден од главните автори, Дејвид Марковиц, од Универзитетот на Мичиген во Ан Арбор, предупредува дека со јадење банани не можете да го добиете истиот ефект од БанЛек.

„Кога јадете банана, тогаш протеинот не е модифициран протеин, туку природен протеин и најверојатно ќе биде уништен од киселината во стомакот. Затоа, јадењето банани нема да ви помогне.“ вели тој.

Модифицираниот протеин од бананата треба да биде вбризган во организмот.

Првично, овој протеин бил испитуван како микробицид, агенс што жената може да го користи пред сексуален однос како крема или гел за заштита против ХИВ инфекциите.

Но, се покажал дека уништува голем број на вируси, што ги снемувало доколку не можеле да ги инфицираат клетките.

Во овој момент, Марковиц вели дека нема план за спроведување клинички испитувања кај луѓето.

„Се обидуваме да помогнеме за здравјето на луѓето, не да наштетиме. Важно е да сме свесни во кој правец се движиме. Многу сме амбициозни и сакаме да дојдеме до резултати кои ќе не доведат до клинички успеси, но се` уште не сме таму“ вели тој.

Молекулите на шеќер што БанЛек ги врзува, нуди уникатна стратегија за борба против вирусите, за што некои научници велат дека можат да бидат употребени за создавање на други антивирусни медикаменти.