Харис вели дека нацијата мора да ги прифати изборните резултати

Камала Харис

ВАШИНГТОН (АП) - Соочена со големо отфрлање од американските гласачи, Камала Харис му ги призна претседателските избори на Доналд Трамп и ги охрабри поддржувачите да продолжат да се борат за нивната визија за земјата.

Демократската потпретседателка рече дека битката ќе продолжи „во гласачката кабина, во судовите и на јавни плоштади“.

„Понекогаш борбата трае малку подолго“, рече таа во говорот кој го одржа во Универзитетот Хауард, местото каде што се надеваше дека ќе одржи победнички говор по изборите. „Тоа не значи дека нема да победиме“.

Поразот на Харис ги урна надежите дека таа може да ги спаси шансите на демократите откако обидот за реизбор на претседателот Џо Бајден беше прекинат.

Камала Харис и Доналд Трамп

Таа го опиша Трамп како егзистенцијална опасност за основните институции на земјата. Трамп не се откажа од Белата куќа дури и по двете отповикувања, осуди за кривично дело и неговиот обид да ја поништи неговата претходна изборна загуба.

И покрај нејзините остри предупредувања за Трамп, Харис денеска во говорот искажа оптимизам.

„Во ред е да се чувствувате тажни и разочарани, но ве молиме знајте дека се ќе биде во ред“, им рече таа на поддржувачите додека некои од нив ги бришеа солзите од очите.

Демократите сега ќе треба да се соочат со второто претседателствување на Трамп, и не е јасно каква улога ќе има Харис во иднината на нејзината партија.

Асошиетед прес